Македонија
30. September 2021 - 16:41

Дали Фрчкоски ќе стане амбасадор во ОН?

Пендаровски да не го чека Собранието и сам да ме испрати во амбасадорска мисија во Обединетите нации во Њујорк. Професорот Фрчкоски смета дека шефот на државата треба да ги земе во свои раце надлежностите кои ги има во македонската дипломатија и да го заобиколи Собранието.

Но првиот човек на собраниската Комисија за надворешна политика дециден. Секој амбасадор пред да биде упатен во мисија има законска обврска себе си да се претстави пред Собранието. За Фрчковски вели дека не може да биде амбасадор на територијата на САД бидејќи претходно американската администрација одби тој да биде македонски амбасадор во Вашингтон. Вели, ќе стори се за да не дозволи нов срам за македонската дипломатија.

Доколку сепак Пендаровски, Заев или Османи се решат да го заобиколат Собранието и да го испратат Фрчковски во Њујорк, Милошоски вели дека првиот чекор кој ќе го преземе идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде негово враќање во Македонија