Да не се тера дневна политика со антикризните мерки
Политичките партии да не тераат дневна политика и да излезат во пресрет на граѓаните и стопанството, апелира министерот за економија Крешник Бектеши. За помошта предвидена со четвртиот антикризен пакет мерки навреме да стигне до граѓаните и до фирмите, потребно е да биде донесен ребалансот на буџетот во Собранието.
Ако тоа се стори навреме, тогаш уште на почетокот на номеври ќе може да се применат мерките за помош на економијата. Бектеши вели дека законот со кој ќе се овозможи поддршка на платите неделава ќе биде пратен во Собрание. Што се однесува до грантовите кои се однесуваат на туристичкиот сектор, сите потребни подготовки се направени и штом биде донесен ребалансот, наредниот ден Министертсвто за економија ќе ги објави повиците за распределба на помошта.
Пред два дена, Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи во изјава за Сител алармираше дека ако доцни помошта, можно е да доцнат и платите наредниот месец.
Наташа Хаџиспирковска Стефанова
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден