ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати
Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти ЦУК.
При вчерашните 10 пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци.
Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала - Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, (Општина Карпош). Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај ул. „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, (Општина Бутел), Во период од 21:22 до 22:55 часот, на ул. „Иван Манолев“, гаснеле запален двор - запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 ПП возила и 12 пожарникари. (Општина Бутел).
Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Долно Српци. (Општина Битола); ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на с.Обединик (Општина Демир Хисар); ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар ( кај депонијата во Прилеп) (Општина Прилеп)
Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникари и се вклучиле и месно население како и 2 лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово)
Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“. (Општина Куманово) и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција (Општина Крива Паланка).
Ново на Сител
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан