ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.
- Преку единствениот повикувачки број за итни повици - 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица - Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.
Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.
Ново на Сител
-
21. седница на Уставен - расправа по четири иницијативи за оценување уставност и законитост
-
Зеленски во Вашингтон: Не чекајте ноември да и помогнете на Украина
-
Бајден: НАТО е помоќен од кога било
-
Политико: Унгарскиот премиер во писмо до ЕУ ги повторува позициите на Путин за Украина
-
Продолжува периодот на многу топло време, наместа над 40 степени
-
Во Скопје изречени 126 мерки од областа на сообраќајот
-
Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Делогожди
-
Времен режим на автопатот Скопје - Куманово кај Миладиновци