Македонија
10. July 2024 - 8:20

Во Скопје изречени 126 мерки од областа на сообраќајот

На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 126 мерки за прекршоци во сообраќајот. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се изречени 10 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за минување на црвено светло и седум мерки за некористење на сигурносен појас. 

Полициските службеници изрекле и 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.