ЦУК: Дождот го изгасна пожарот околу кичевско Цер
Дождот го изгасна и пожарот околу кичевското село Цер, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Претходно денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека благодарение на дождот, пожарот на Галичица е целосно изгаснат и оти постои вознемиреност кај населението во селото Цер и останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем. При тоа укажа на напорите за негово гаснење.
- Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци, појасни Ангелов во видео изјавата.
Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Пронајдена дрога во Битола
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување