Македонија
27. October 2024 - 10:32

Пронајдена дрога во Битола

Четириесет и деветгодишен битолчанец е приведен откако во неговиот дом е пронајдена дрога. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Д.Р. е приведен бидејќи при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом и помошните простории е пронајдена марихуана и прашкаста материја. 

По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.