Цртај и патувај во Дизниленд - Започнува детскиот ликовен конкурс на Ладна
По минатогодишниот успешно организиран ликовен конкурс, многу пријавени цртежи и супер награди, Ladna повторно доделува патување во Дизниленд за две дечиња кои ќе ги насликаат најубавите цртежи на годинешната тема „Водата и природата“
Натпреварувањето ќе бидеподелено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.04.2009 до 27.04.2012и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.02.2006 до 27.04.2009година.
За шесте најубави цртежи, Ladna и оваа година обезбеди супер награди: 2 тридневни патувањa во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.
Ликовниот конкурс ќе трае до 27.04.2016, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Водата и природата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.
Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 500 детски цртежи кои што беа изложени во Сити Мол.
Прва награда –Александар Атанасоски - 9 години, Прилеп
„Беше прекрасно да се видат сите ликови, дворци, бродови, планини и патеки од цртаните и филмовите на Дизни студиото, да се почувствува магијата на филмската индустрија одблиску, да се лудува на тобоганите, лифтовите и рингишпилите.“–изјави Александар Атанасоски, добитник на патување во Дизниленд на првиот ликовен конкурс во 2015 година во категоријата на деца од 7 до 10 години.
Александар Атанасоскиво Дизниленд, Париз
Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитатенаFacebook страната на Ladna.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек