ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) информира дека го заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и Пелагонија. Скенирањето се извело на неколку неолитски, енеолитски и бронзенодобни тумби и палафити, при што е направен увид во просторното уредување на овие населби.
- Резултатите од истражувањата покажаа дека тумбите и наколните населби се подеднакво опкружени со ровови и имаат линеарен распоред на градбите. Тоа дополнително ја потврдува комплексната организација на предисториските локалитети и овозможува подобро разбирање на архитектурата, просторното планирање и општествените процеси во различни етапи на овој период, се вели во соопштението од ЦИП.
Во текот на изминатите години, ЦИП има скенирано дваесетина предисториски населби, што овозможува нивна трајна заштита и прецизно планирање на идните истражувања.
- Со помош на примената на геофизичкото скенирање се добиваат егзактни податоци за позицијата на архитектонските обележја присутни на локалитетите. На тој начин, се обезбедуваат информации со што ќе се оневозможи нивно оштетување или пак, може да се предвиди нивно прецизно истражување во иднина, стои во соопштението.
Геофизичкото скенирање на предисториските локалитети во југозападниот дел на Македонија е подржано од Министерството за култура и туризам и Фондацијата за проучување и заштита на тумбите. Носител на проектот е Центарот за истражување на предисторијата, а скенирањето е направено во соработка со Завод и музеј - Охрид, Завод и музеј - Битола, Завод и музеј - Прилеп и Принципат од Краков.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален