Чуркин предлага затворање на сириско-турската граница
Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин предложи затворање на сириско-турската граница, за да се пресече поддршката кон терористите, а во пристаништето Џејхан да се распоредат меѓународни набљудувачи, пренесе Танјуг.
Чуркин, говорејќи на седницата на Советот за безбедност, исто така предложи и да се разгледа можноста за „целосно трговско-економско ембарго“, кон Исламска држава.
- Најголемиот обем на криумчарење нафтени деривати, артефакти и други видови стока од територијата која ја контролира ИД и натаму се реализира преку Турција со нејзина дозвола или неактивност, наведува Чуркин.
- Во врска со тоа сметаме дека е актуелно прашањето за покривање на турско-сириската граница во антитерористички цели, а би требало, исто така да се размисли за воведување целосно трговско-економско ембарго кон ИД, рече Чуркин.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион