-->
-->
„Читаме музика” за денот на културата во Крива Паланка
-->
Со настанот „Читаме музика” што се одржа синоќа на плоштадот „Карпошово востание” во Крива Паланка беше одбележан 10 јуни – денот на културата, во организација на Центарот за култура Крива Паланка.
За значењето на писателот, состојбата на книжевноста денес и иницијативата за возобновување на некогашната Ккнижевна младина говореше писателот Христо Петрески, претседател на собранието на Друштвото на писатели на Република Северна Македонија.
– Повеќе од алармантно во книжевноста е кризата што владее во контекст на немање интерес за читање, и кај помладите генерации, но и воопшто. Ние имаме повеќе писатели од читатели, писателот издава книги со мал тираж и нив ги подарува, рече Петрески.
Тој ја пофали активноста на литературниот клуб во библиотеката „Калин” во Крива Паланка, истакнувајќи ја важноста такви клубови да постојат заради напредок на творците.
Во продолжение на настанот со свои стихови и во придружба на звукот на гитара се претставија десет членови на литературниот клуб „Калин”, а поезија читаа и ученици од литературната секција во средното општинско училиште „Ѓорче Петров”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото