Свет
29. September 2017 - 14:04

Четворица загинати во самоубиствен атентат покрај џамија во Кабул

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во самоубиствен атентат извршен покрај шиитска џамија во центарот на авганистанскиот главен град Кабул, соопштија медицински извори. 

Тој го активирал експлозивниот појас кога верниците излегле од храмот, по петочната молитвата.

Засега никој не ја презеде одговорноста.

Нападот е извршен два дена пред големиот шиитски празник Ашура.