-->
-->
Четворица рудари загинаа во експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападен Пакистан
-->
Во експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападен Пакистан рано утринава загинаа четворица работници, додека тројца беа спасени од делумно уништениот рудник, изјави официјален претставник.
Главниот инспектор за рудници Абдул Гани изјави дека експлозијата се случила во областа на рудникот Сра Газгаи, кој наводно работи илегално.
Ниту еден од сопствениците или изведувачите во рудникот не бил пронајден по експлозијата бидејќи спасените работници не биле во можност да дадат информации, рече тој.
Гани информира дека рудникот детално се пребарува во случај некој друг работник да останал заробен во урнатините.
Несоодветните безбедносни услови и лошите системи за вентилација во пакистанските рудници често се причина за несреќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење