Балкан
28. August 2023 - 10:22

Четворица мигранти се удавија во близина на островот Лезбос, 18 се спасени

Четворица мигранти се удавија во близина на грчкиот остров Лезбос додека се обидувале да го поминат морето од соседна Турција, соопшти денеска грчката крајбрежна стража, наведувајќи дека се спасени 18 мигранти.

Крајбрежната стража не објави повеќе детали за инцидентот.

Грција е една од главните влезни точки за мигрантите и бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија, кои се обидуваат да стигнат до Европа.