Честитка од МД”Илинден”по повод Денот на независноста

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо до македонскиот државен врв и до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија 8 Септември.
Во неа се наведува дека со прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 28 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале.
-Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре.Овој прзник не потсетува на предизвиците кои македонскиот народ ги надминал,но и му два сила и мудрост да продолжи понатаму.Честит да ни е 28 роденден на нашата матична земја. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден,- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
Исто така се искажува верба дека следното одбележување на Денот на независноста македонската држава ќе го дочека како членка на НАТО и ЕУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
