Чешки денови по повод 30 години од Кадифената револуција
Амбасадата на Република Чешка деновиве организира серија настани по повод 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка.
На Меѓународниот фестивал „Богородичен покров“ што почнува денеска и ќе трае до 19 октомври, ќе бидат прикажани два чешки документарни филма „Црвена“ од режисерката Олга Сомерова и „Мојот век“ од режисерката Теодора Ремундова.
На 29 октомври амбасадата на Република Чешка во Скопје ќе организира изложба на фотографии „1989 низ очите на фотографот“ на која ќе бидат прикажани серија од фотографии направени за време на големите протести.
На 2 и 3 ноември во Скопје ќе почне фестивалот на Европскиот филм „Cinedays“ на кој ќе бидат прикажани повеќе чешки филмови: „Граѓанинот Хавел“ во режија на Мирослав Јанек и Павел Коутецки, „Чад“ во режија на Томаш Ворел, „Животот според Вацлав Хавел“ во режија на Андреа Седлачкова, „Времето на слугите“ во режија на Ирена Павласкова.
Ново на Сител
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-
На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра
-
Малолетно девојче нападното со нож од поранешното момче од Грчец