Свет
10. September 2015 - 19:01

Чешка го згреши знамето на НАТО при посетата на Генералниот секретар Столтенберг

При средбата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со чешкиот претседател Милош Земан во Прага, било поставено знамето на Обединетите нации наместо на Северноатлантската Алијанса, јави дописникот на МИА од Прага. 

Кабинетот на Земан, според портпаролот Јиржи Овчачек го призна гафот, додавајќи дека замената на знамињата немала влијание на посетата на високиот функционер.