Централен настан на ОБСЕ - „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“
Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржува централен настан - „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство.
Како што информираат од ОБСЕ, предвидени се обраќања на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска - Давкова и министерката за образование Весна Јаневска.
- Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал нема да присуствува од здравствени причини, се наведува во соопштението.
Според најавеното, Сузан Пенкса, заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ, ќе ја модерира сесијата.
- Ќе биде прикажан видео материјал создаден во соработка со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, по што ќе се одржи дебата со чинителите. Централен дел на настанот ќе биде потпишувањето на декларација на намери, со што ќе се отслика јавната заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки. Декларацијата задава десет акциски точки со конкретни мерки што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Помеѓу учесниците кои ќе се поканат да ја потпишат изјавата, се претседателката на Северна Македонија, министерката за образование, претставници на локални училишта, младински организации и НВО активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените, појаснуваат од ОБСЕ.
Настанот ќе се одржи во „Лабораториум“ со почеток во 12 часот.
Ново на Сител
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1
-
Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан
-
Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА