Цело село тажи по неа: Млада жена влегла да се истушира и се струполила покрај кадата

Јована Јочиќ (27) загина вчера вечер во бањата од семејната куќа во Наково кај Кикинда.
Најверојатно настрадала од струен удар, зошто во бањата влегла со намера да се истушира, но нешто подоцна нејзиниот татко го пронашол мртвото тело со туш во рака. Точната причина за смртта се уште не се знае, но најверојатно дошло до струен удар штом несреќната жена пуштила вода во кадата.
-Јована, околу полноќ влегла во бањата да се истушира, но се задржала повеќе од вообичаеното. Бидејќи подолго време не излегла, домашните се загрижиле, па таткото Јован, кој имал намера да се тушира по неа, затропал на вратата. Но Јована не одговорила. Тој ја слушнал водата, и забележал дека вода доаѓа под вратата од бањата и веднаш се посомневал дека нешто страшно се случило. Потоа на сила ја отворил вратата и ја затекнал страшната глетка, беспомошното тело на ќерката покрај кадата со туш во рака. Изгледа дека стујата ја убила веднаш штом пуштила вода. Јована не стигнала ниту да се истушира, раскажуваат соседите на семејството Росиќ во Наково.

Соседите се сомневаат дека причина за несреќата најверојатно е електричната инсталација. Семејството на Јована живее во куќа од постара градба, која ја дели со други сопственици. Жителите велат дека нејзниот татко поставил многу струјни кабли сам, па се сомневаат во лошиот квалитет на изведените работи.
-Јована работеше како продавачка во Кикинда. Беше добар работник, па стана и раководител во „Универекспорт“. Се разведе пред неколку години и оттогаш, со четиригодишната ќерка се врати во куќата кај родителите на село. Има уште едн постара сестра која има свое семејство. Ова е страшна трагедија што се случи, велат мештаните.
Јована Јојиќ ќе биде погребана деенска на селските гробишта во Наково.
Во кикинда и во околните села, одамна не се случила ваква трагедија некој да загина од струен удар во бања.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
