Цел ден се чека на почетокот на собраниската седница за амандманите за Законот за јазиците
Се уште е неизвесно дали денеска ќе почне продолжението на 32. собраниска седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.
Седницата најнапред беше закажана за 12 часот, а потоа за 15 часот, но и по час и половина доцнење во Парламентот нема никаков сигнал дали ќе започне продолжението. Во закажаното време во 15 часот во парламентарната сала имаше едвај неколкумина пратеници, и новинарите на собраниската галерија кои чекаа да видат дали и каква разврска ќе има ситуацијата предизвикана од илјадниците амандмани.
Најголем дел од пратениците и од владејачкото мнозинство и опозицијата се во зградата на Парламентот и го чекаат сигналот на ѕвоното за почеток на продолжението. Официјални информации зошто се доцни со седницата нема, ниту пак дали денеска Парламентот воопшто ќе заседава. Единствено во неформалните разговори и пратениците и собраниските служби велат дека тешко дека денеска би се одржала седница.
Од владејачкото мнозинство не коментираат зошто не се одржува седницата, додека од опозицијата велат дека нема договор меѓу СДСМ и ДУИ за текот на седницата односно дали таа да започне со амандманите или, пак, таа точка да биде прескокната и да се гласа за останатите закони кои се на дневен ред на 32. седница.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата