Балкан
19. November 2016 - 10:26

Цел Балкан го тресат земјотреси

 
Многу земјотреси утринава се регистрирани на Балканот и во Европа. 
 
Два силни потреси од 5,1 степен и 3 степени според Рихтер, ја стресоа Грција, а беа почувствувани и кај нас. Земјотрес со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала со епицентар во Грција, е почувствува рано изутрината во 02 часот и 44 минути во јужните делови на Република Македонија. Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на земјотресот на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.
 
Ова е втор земјотрес во изминатите 12 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран ноќеска во 00 часот и 12 минути со магнитуда од 5,1 степен според Рихтер, а беше почувствуван во Гевгелија, Богданци и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
 
Се стресе и Албанија. Потресот бил со јачина од 3,1 според Рихтер, со епицентар во Тирана.
 
Се тресат и Италија и Турција.
 
Се надеваме потресите ќе запрат и ќе имаме спокојни денови.