Царовска на средба со работнички од штипското здружение „Текстил“
Мила Царовска, член на Комисијата за труд и социјала во СДСМ, денеска се сретна со текстилните работнички - членки на здружението „Текстил“ од Штип.
Според разговорите, како што изјави Царовска, најголем проблем на работничките им е висината на платата зашто земаат минимални 9.000 денари.
- Ова не е само нивен проблем. Нивната судбина ја делат уште 50.000 семејства во Македонија. Затоа идната влада се обврзува дека минималната плата уште во првиот мандат ќе ја зголеми од 9.000 на 16.000 денари. Разликата ќе се почуствува веднаш, уште во април 2017 година кога минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари, рече Царовска.
Оние работници кои ќе имаат пониски примања, додаде, ќе плаќаат и пониски даноци, а според програмата е предвидено компаниите од текстилниот и кожарскиот сектор да се субвенционираат.
- Секој работодавач кој ќе исплати бруто минимална плата уште во првата година ќе има поврат од 1.900 денари, нагласи Царовска.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот