Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика
Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими.
На средбата по примопредавањето на функцијата Царовска и Ибрахими разговарале за актуелните состојби во Министерството.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, Царовска на првиот работен ден имала средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството.
На колегиум со раководителите и државните советници Царовска нагласила дека како министерка за труд и социјална политика основното начело според кое ќе се раководи во извршување на функцијата ќе биде професионалноста, стручноста, мотивацијата и искуството, со единствена цел МТСП да биде сервис на граѓаните.
- Верувам дека заедничка цел ни е да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и затоа потенцирам дека ќе се фокусираме на транспарентна и активна соработка оставајќи ги на страна поделбите базирани на политичка, верска или било каква лична определба. Од 8:30 до 16:30 часот сите ние сме администрација во служба на граѓаните, истакнала министерката Царовска.
Во иднина, посочила, нашата мисија е да го зајакнеме дијалогот и поддршката во областа на социјалната политика во државата, да ја интензивираме борбата против сиромаштијата и социјалните разлики, и да го реформираме и надградиме системот на социјалната заштита, со цел да биде правичен и одржлив сервис за сите граѓани. Се надевам дека ќе бидеме сите на ниво на довербата што ни ја дале граѓаните во исполнувањето на нашите обврски, рекла министерката Царовска пред колегиумит и вработените.
Министерката Царовска, стои во соопштението, очекува во периодот што доаѓа атмосфера на интензивна соработка и позитивен натпревар во исполнувањето на работните цели и задачи.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот