Бунт на затвореници во затвор во Бирмингем
Британските затворски власти соопштија дека „помала група“ затвореници започнала бунт во затворот во Бирмингем.
Бунтот почнал во едно крило на затворот вчера попладне и продолжил да трае во текот на ноќта.
Во соопштението не се вели ништо за обемот на бунтот, освен што се посочува дека тој не претставува закана за пошироката јавност во овој втор по големина град во Велика Британија.
Нема сознанија за судбината на чуварите, како и за тоа дали има повредени меѓу затврениците. Локалните медиуми јавуваат дека повеќе возила на брзата помош се наоѓаат пред главниот влез на затворот.
Од пред шест години, со овој затвор од „Б“ и „Ц“ категорија, според степенот на безбедноста и категоријата на осудениците, управува приватната безбедносна компанија „Џи Фор Ес“ (Г4С) .
Нејзин претставник изјавил дека компанијата побарала помош од затврските власти за справување со бунтот.
Затворот во Бирмингем има капацитет за 1.450 затвореници, а во него се сместени само возрасни осуденици од машки пол.
Пред девет месеци во истиот затвор имаше бунт од поголеми размери, при што мораа да интервенираат и специјалните полициски сили.
Затворениците тогаш освоија едно затворско крило, предизвикувајќи пожари, уништувајќи ја опремата и инвентарот и палејќи ја затворската документација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр