Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Како што, потврдуваат за МИА од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот.
Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа, дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.
- Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера. Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна, се вели во соопштението од МНРНТ.
На средбата во МНРНТ, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.
Заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова на средбата завчера во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Демаршот на бугарскиот амбасадор, како што информираат извори од МНРНТ, ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот.
Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со „Набуко“, како чекор од културната дипломатија. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.
Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септември, заменувајќи го досегашниот амбасадор Ангел Ангелов.
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото