Буџетот на ЕУ за 2022 година зголемен за 480 милиони евра
Европскиот парламент со 550 гласови „за”, 77 „против” и 62 „воздржани” го усвоија општиот буџет на Европска Унија за 2022 година. Како приоритети на буџетот се наведени надминување на климатската и здравствената криза и мерки за младите.
– Презедовме неколку обврски за приспособување на буџетот за поддршка на економијата, регионите и граѓаните. Целта беше јасна, потребен ни е силен буџет за закрепнување за првата година, кога ќе имаме дополнителни средства од програмата за реконструкција, истакна известувачот на ЕП, Карло Реслер (ХДЗ, ЕПП).
За здравствените програми, истражувањата, борбата против климатските промени, малите и средни претпријатија и младите, европратениците успеаја да обезбедат 479,1 милиони евра повеќе како поддршка од предлогот на ЕК. Договорени се обврски од 169,5 милијарди евра и исплати од 170,6 милијарди евра.
Споредено со предлогот на ЕК од јули буџетот е зголемен за 480 милиони евра.
Европскиот комесар за буџет и човечки ресурси Јоханес Хан постигнатиот договор помеѓу Советот и Парламентот за буџетот го оцени како европски потег.
– Првпат имаме повеќе средства за плаќања отколку за обврски, истакна Хан.
Додека словенечката министерка за надворешни работи Анже Логар во име на Советот на ЕУ наведе дека „позитивниот исход од преговорите покажува дека институциите добро соработуваат во одговорот на современите грижи”.
Зголемување од 50 милиони евра е постигнато за програмата за заштита на животната средина и климатски акции. Хенрик Хан, во име на клубот Зелени/ЕСС, како приоритети ги наведе климатските промени и заштитата на биолошката разновидност.
– Парите што ги инвестираме ќе покажат колку сме сериозни за зелениот план и Парискиот договор, истакна Хенрик Хан.
Претседателот на собраниската комисија за буџет, Ван Овертвелт повика на поголема солидарност во зајакнувањето на надворешните граници, бидејќи, како што наведе, тие земји ги даваат најголемите жртви за заштита на ЕУ.
– Буџетот за 2022 година предвидува големи трошоци за граничната полиција и за сузбивање на мигрантската криза на границата со Белорусија, каде режимот брутално ги искористува мигрантите, наведе Овертвелт.
Социјадемократот Виктор Негреску истакна дека буџетот е клучен за спроведување на Повеќегодишната финансиска рамка.
– Нашиот клуб поддржува 211 милиони евра за солидарност и социјални права, дополнителни 30 милиони за малите и средни претпријатија и околу 90 милиони за здравството, потенцира Негреску.
Ново на Сител
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води