Македонија
16. August 2024 - 16:34

Будно се следи состојбата со Галичица

Будно се следи состојбата со Галичица.

Будно се  следи состојбата со Галичица .Денеска на терен се 100 пожарникари и се обезбедуваат појасите, најкритичен дел, според Јовчески од НП Галичица е западниот фронт, но и таму огнот е ставен под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Покрај екипите за справување со кризи, на терен се и бројни доброволци кои се борат со пламените јазици, коишто предизвикаа огромна материјална и еколошка штета,но поради експлозивите не се ставаат во првите линии за гаснење необучени лица.

Претседателката Сиљановска-Давкова во однос на пожарите истакна дека мора системски да се пристапи на проблемот додавајќи дека досега во гаснењето  биле ангажирани од 100 тина до 200 лица припадници на армијата.

Големиот пожар на Галичица изминативе 12 дена опустоши над 6.500 хектари површина во Македонија и Албанија. Моментално според заменик директорот  на  ЈП Национални шуми Михаилов , околу 60 отсто од површината зафатена од огнените јазици се тревни површини, а околу 40 отсто се површини со шума со најразлични дрвни видови.