Балкан
12. August 2021 - 14:03

Бродска несреќа во близина на грчкиот остров Милос

Брод, што плови под британско знаме тоне во близина на грчкиот остров Милос, а во тек е спасувачка операција за 17 патници, соопшти грчката крајбрежна стража.

Неколку бродови и воен хеликоптер учествуваат во спасувачката операција.

Се уште не е позната причината за бродската несреќа, а исто така не е позната националноста на патниците.