Брнабиќ: Понудивме лекарите од Македонија да се вакцинираат во Србија
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8.000 дози, јави дописникот на МИА од Белград.
Таа за Тв Хепи изјави дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме.“
Брнабиќ изрази уверување дека вакцината од ЕУ ќе дојде не само во Србија, туку и на целиот Балкан, потсетувајќи колку е тешка ситуацијата за борбата за вакцините.
-Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука, кажа Брнабиќ.
Што се однесува до Албанија, Брнабиќ кажа дека премиерот на таа земја (Еди Рама) кажал дека примиле 975 вакцини, што значи половина од бројот на луѓе кои можат да се вакцинираат, без дури да прецизира точно од која држава, туку дека е од некоја земја членка на ЕУ.
-Постои огромна борба за вакцините, може да има проблем, не станува збор само за купување и доставување на вакцината, потребна е регистрација, план за вакцинација кажа Брнабиќ.
Брнабиќ смета дека не е можно да се воведе ковид пасош, од две причини – пред сè, затоа што тоа би било голема дискриминација, а втората причина, е што Германија и Франција, кои се важни земји во ЕУ и без кои таа одлука неможе да биде можна, се спротивставуваат на Ковид пасошите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат