Британските конзервативци избираат наследник на Дејвид Камерон
Пратениците на британската Конзервативна партија, денеска гласаат во првиот круг од постапката за избор на наследник на Дејвид Камерон.
Во гласањето учествуваат вкупно 330 пратеници, а првите резултати ќе бидат познати вечерва, кога оној кој ќе има најмалку гласови ќе биде елиминиран од натамоѓното гласање.
Во трката за нов лодер на ториевците и иден премиер, учествуваат петмина кандидати- Тереза Меј, министер за внатрешни работи, Мајкл Гоув, министер за правда, Стивен Краб, министер за труд и пензии, заменик министерот за енергија Андреа Лидсом, како и поранешниот министер Лијам Фокс.
Според прогнозите на лондонските медиуми, фаворит е Тереза Меј, зад која застанаа сеум владини министри, околу 100 пратеници и влијателниот весник „Дејли Меил„ но како силен кандидат во последен момент се истакнува Андреа Лидсом, зад која стојат Борис Џонсон и од страна, со агитирање во медиумите, Најџел Фараж и неговата десно ориентирана и антиевропска Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП).
Медиумите предвидуваат во последната фаза од гласањето, кога треба да останат само двајца кандидати, за кои ќе гласаат членовите на Конзервативната партија, ќе останат двете „челични дами„- Меј и Лидсом.
Во последното обраќање пред гласањето, Меј порача дека за иднината на доселените мигранти од земјите од ЕУ ќе се расправа во текот на преговорите за раздружување, додека Лидсом и Гоув порачаа оти мигрантите ќе останат заштитени во Велика Британија.
Лидсом која е поранешен банкар и силен подржувач на Брегзит, изјави дека Британија целосно ќе ги запре слободното движење на луге и работна сила од земјите на ЕУ, што ќе биде силна пречка за намерата на Британија да има пристап до заедничкиот пазар на ЕУ.
Наредното гласање е предвидено во четврток, а потоа следниот вторник, се додека не останат само два кандидати.
Победикот ќе биде познат на 9 септември, а новиот лидер ќе биде промовиран на почетокот од октомври.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност