Свет
23. September 2020 - 20:54

Британската полиција заплени кокаин во вредност од 128 милиони долари

Британската полиција заплени околу еден тон кокаин, скриен во гајби со овошје од Јужна Америка. Во врска со инцидентот уапсени се двајца мажи, јавија денеска полициските власти.

Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 128 милиони долари, а пронајден е во пристаништето Довер, на југоистокот на Англија.

Уапсените мажи на возраст од 40 и 64 години се осомничени за шверц на дрога од А класа, а полицијата ја открила дрогата со дешифрирање на пораките на организаторите.