-->
-->
Бриселска конференција: Авганистан ќе добие 13,6 милијарди евра од 75 светски земји, меѓу кои и Македонија
-->
Авганистан ќе добие 13,6 милиони евра помош од меѓународните партнери со цел инвестирање во развојот на земјата, одлучено е на денешната конференција за Авганистан, што се одржа под мотото „Партнерство за просперитет и мир“во зградата „Јустус Липсиус“ на Европскиот совет во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, меѓу високите делегации на 75 земји од светот и 26 меѓународни организации, во име на македонската држава присуствуваше и вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, при што Македонија се обврза да и помага воено, но и финансиски во износ од околу два милиони евра на оваа Исламска република.
Во заедничкото коминике што го издадоа партиципиентите на оваа конференција, се вели дека е разговарано за обновување на партнерствота за просперитет и мир меѓу Народната владата за национално единство на Авганистан и на меѓународната заедница. Тие ја истакнаа нивната колективна заложба за продлабочување и зајакнување на нивната соработка за да се постигне самостојност на Авганистан во деценијата на трансформација (2015-2024) и да се создаде политичка, социјална и економска средина што ќе му овозможи на Авганистан да се консолидираат мирот, безбедноста и да бележи одржлив развој и просперитет.
- Постигнат значаен напредок на патот на Авганистан за функционална, одговорна и повеќе одржлива држава, но значителните предизвици со кои земјата се уште се соочува бараат понатамошни напори за да се заштитат и да се изградат овие заеднички постигнувања - се вели во соопштението од конференцијата.
За да се поттикне овој процес, земјите ја потврдија својата посветеност на следните три столба во следната деценија на трансформацијатаа на Авганистан:
- Авганистан да биде предводен од државата и да се градат институциите како што е наведено од страна на рамката за заедничка одговорност;
- Одржување на меѓународна поддршка и финансирање на или во близина на сегашното ниво до 2020 година, со зголемување на ефикасноста на помошта во висина од 13,6 милиони евра;
- Регионална и меѓународна поддршка за прекин на насилството и да се поттикне економски развој и подобрување на регионалната економска соработка, како и политички процес за постигнување на траен мир и помирување.
Покрај финансиската помош за Авганистан, денеска шефовите на дипломатиите на 75 светски земји, меѓу кои и македонскиот Никола Попоски, се договорија и за целосно враќање на авганистанските мигранти, кои се втори по број во милионскиот мигрантски бран што изминатите две години ја заплисна Европа. Според Попоски, ова и за македонската држава е втора важна точка од денешниот договор што е постигнат со авганистанските власти во Брисел.
- Во однос на мигрантското прашање, тука е постигнат договор за реадмисија, односно враќање на мигрантите од Авганистан што се дојдени од економска природа во Европа. Овој договор мора да се однесува и на земјите што овозможија да се зачува Шенген-зоната во однос на мигрантското прашање кога беше најкритично. Ќе се помогне и за сите граѓани на Авганистан што во моментов се заглавени некаде на мигрантската рута што почнува од Грција и завршува во северно-европските држави, а воедно и ќе биде сериозна порака за обесхрабрување на поголемиот број на економски мигранти што во континуитет доаѓаат од Авганистан кон западно-европските земји – изјави вицепремиерот Попоски за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
-
Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
-
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија