Loading Video...
Свет
25. јуни 2020 - 16:32

Брисел и Берлин поинаку гледаат на Косовското прашање од Вашингтон

Косовскиот премиер Авдулах Хоти објави дека нема да присуствува на состанокот со Александар Вучиќ во Белата куќа во Вашингтон, закажан за 27 јуни, а каде требаше да се разговара за спорот меѓу Србија и Косово.

Претходно, патот во Вашингтон го откажа и претседателот Хашим Тачи. Ова следува по вчерашната објава дека специјалниот обвинител Џек Смит поднесе предлог-обвинение до судот во Хаг против Тачи за воени злосторства.