-->
-->
Братот на Барак Обама го поддржува Трамп
-->
Полубратот на американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе присуствува на последните американски дебати за претседателските избори како гостин на кандидатот на републиканците Доналд Трамп, објавија денска американски медиуми.
- Доналд Трамп ми се допаѓа, бидејќи зборува од срцето. Да се направи Америка повторно голема е одличен слоган. Би сакал да го видам, изјави Малик Обама за „Њујорк Пост“.
Малик Обама е роден во Кенија, но има американско државјанство. Уште во јули првпат рече дека ќе гласа за Трамп. За Трамп ќе гласал и делумно затоа што Хилари Клинтон е виновна, според него, за смртта на либискиот лидер Моамер Гадафи, кој му бил пријател.
Трамп преку Твитер му се заблагодари на Малик Обама за поддршката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек