Бран по бран
Економист - Лондон
Никогаш во повоено доба светот не видел толку луѓе да бидат насилно истерани од нивните домови од конфликти или тортури. Пред десет години агенцијата за бегалци при ОН изброја околу 38 милиони раселени луѓе; сега ги има околу 60 милиони. Пред се, виновни за оваа морничава бројка се војните на Блсикиот исток. Овие бројки ќе растата и во 2016, а реки од луќе ќе продолжат да течат кон Европа од Блискиот исток, Африка и подалеку.
Оваа масовна миграција е резултат од комплекс од фактори: со притискања, влечења и препреи во средина. Да почнеме со најголемиот фактор на притискања. Воената интервенција на Русија во Сирија ќе ја претвори валканата војна во уште повалкана. Рускиот претседател Владимир Путин вели дека сака да ги победи џихадистите од Исламска држава (ИД), кој воспоставија „калифат“ во големи делови од Сирија и Ирак. Но негов приоритет е да го спаси неговиот сириски сојузник, Башар ал Асад; повеќето руски напади се усмерени не врз ИД, туку врз други сунитски групи (некои поддржувани од Америка) кои ја сопреа сириската армија.
Поддршката од Русија (и Иран) треба да му помогне на режимот на Асад да ја поврати сета територија која ја загуби во 2015 година. Но прилично осиромашените војници на Асад не се во состојба да ја повратат контролата врз целата земја. Ниту пак Русија ќе внесе копнени трупи, ниту пак, и покрај муабетот за политилчки договор, ќе го отфрли Асад се додека тој има шанса да преживее. И така војната бедно ќе се развлкува. Скоро половина од населението на Сирија веќе се раселено, а и уште ќе бегаат: да ги избегнат борбите, да избегаат од обврската за служење во војската или затоа што ја загубиле надежта дека војната некогаш ќе заврши.
Околу четири милиони регистрирани сириски бегалци – и можеби уште еден милион нерегистрирани – се веќе во земјите кои ја опкружуваат Сирија. Никој од тие соседи не им го дозволува правото на Сиријците да работат, а ОН ја скрати сумата за храна која им ја доставува, заради недостиг на средства. Некои бараат повеќе пари, а ветувањето да се донесат малку повеќе бегалци во Америка, Британија и на други места, ќе донесе само мал прогрес, со оглед на нивото на кризата. А повеќето од бегалците кои доаѓаат во Европа се мажи, сами; многумина ќе се обидат подоцна да си ги донесат семејствата.
И други луѓе ќе тргнат на пат. Нема знаци дека војната во Ирак ќе стивне. Борбите меѓу Турција и курдските милитанти повторно се распали. Голема неизвесност лебди над Авганистан иако Америка се откажа од ветувањето дека ќе ги повлече скоро сите свои војници до крајот на 2016 година. Војната во Јемен, најсиромашната земја во арапскиот свет, веќе расели еден милион луѓе. Во меѓувреме, во Африка конликтите во Сахел, Сомалија и во областа на Големите езера беснее. А крајот на бумот на акцизните стоки ќе го зголеми притисокот за економските емигранти да си ја пробаат среќата преминувајќи го Медитеранот.
Што е со факторите на влечење? „Вилкоменскултур“ избледе, додека Германија се соочува со апсорбирање на стотици илјади луѓе. Антиемигрантските партии ќе сезасилат. Привремената контрола на границите во рамките на Шенген зоната за слободно патување може да стане полуслободна. Планот на европските лидери е да изградат нова инфратсруктура за сместување за барателоте на азил, да ги распоредат подеднакво меѓу себе, да ја забрзааат враќањето во земјите од каде доаѓаат на оние кои се одбиени и да се борат против трговците со луѓе. И во тој случај европските држави ќе треба да продолжат да процесуираат барања за азил од едно или друго место; ако работат поинаку, тоа ќе биде прекршување на Конвенцијата за бегалци на ОН од 1951 година и на европските закони. Конвенцијата скоро и да ја поттикнува илегалната миграција: таа им дава заштита на оние со „добро основан страв од прогон“ но само ако ја напуштиле својата земја. Па така богатите, смелите и оние посреќните имаат најдобра шанса да стигнат до Европа. Постои голем отпор на повиците за ревизија на конвенцијата.
Висока плима
Оттука напливот ќе биде предодреден делумно од условите на море, во пустината и од трговците со луѓе – и од политичките услови во земјите низ кои бегалците транзитираат. Бројот на мигрантите кои пристигнуваат во Италија ќе опадне во зимските месеци. Но се додека не се воспостави некаква стабилна влада во Либија (што е многу тешко) на пролет ќе дојде нов бран од луѓе. Покрај тоа, главната рута се премести во Грција, посебно преку тесните водени премини помеѓу расфрлените острови и Турција. Европската унија разговара за амбициозен „акциски план“ да и помогне на Турција да задржи што е можно повеќе мигранти. Предвидени се нови бегалски кампови, повеќе пари, право за сиријците таму да работат и договор со кој Турција ќе ги прифати одбиените баратели на азил. Но Турција нема да функционира како чувар на портите на Европа без отстапки: намалку ветување дека турците слободно и без визи ќе патуваат во ЕУ.
За детали од овој договор ќе треба многу преговарање. А изгледноста договорот да биде финализиран може да предизвика нов метеж од бегалци кои сакаат да стигнат до Европа пред турските порти да се стеснат.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите