Браќата Коен го отвораат овогодишното Берлинале
Со проекцијата на филмот „Hail, Caesar!“ на браќата Џоел и Итан Коен, на 11 февруари официјално ќе биде отворен овогодишниот Берлински филмски фестивал.
Берлиналето е еден од најпрестижните филмски фестивали во светот, кој е познат по тоа што за главните награди во најголем број се натпреваруваат филмови кои својата премиера ја имаат на оваа манифестација.
Филмот „Hail, Caesar!“, кој ќе се прикажува вон конкуренцијата за награди, е комедија која говори за „златните години“ на Халивуд, а неговото дејство е сместено во едно холивудско филмско студио. Во филмот, меѓу останатите, настапуваат и Џош Бролин, Џорџ Клуни, Скарлет Јохансон и Тајд Свинтон.
На овогодишното 66-то Берлинале во конкуренција за наградите Златна и Сребрена мечка ќе се натпреваруваат 18 филмови, додека вон конкуренција во рамки на главната програма ќе бидат прикажани уште пет филма. Од вкупниот број филмови во главната програма дури 19 ќе бидат премиери.
Наградите ќе ги додели Меѓународно жири предводено од холивудската ѕвезда Мерил Стрип, чии членови се и германскиот актер Ларс Ајдингер, британскиот филмски критичар Ник Џејмс, француската фотографка Брижит Лакомб, британскиот глумец Клајв Овен, италијанската актерка Алба Рорвахер и полската режисерка Малгоржата Шумовска.
Во рамки на Фестивалот ќе бидат прикажани и неколку филма со кои ќе му се оддаде почит на неодмна починатиот британски музичар и актер Дејвид Боуви.
Свеченото прогласување на добитниците на наградите на Берлиналето ќе се одржи на 20 февруари.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници