Божилов: НАТО очекува Бугарија, Романија и Турција да имаат водечка улога во Црноморскиот регион
Многу е важно како НАТО ја гарантира безбедноста во регионот на Црното Море, бидејќи тоа е една од неговите зони – Бугарија, Романија и Турција се нејзини членки, и НАТО мора да ги развие своите планови. Алијансата мора да биде во можност да ги исполни своите обврски согласно член 5 од Договорот, коментира Јордан Божилов, претседател на Софискиот безбедносен форум, во гостувањето во емисијата „Сабота 150“ на бугарското национално радио.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Божилов смета дека НАТО очекува Бугарија, Романија и Турција да играат водечка улога во градењето на пристапот на Алијансата кон регионот на Црното Море, но досега тоа не се случувало.
Бугарија е заинтересирана да има што повеќе војници на НАТО лоцирани на нејзината територија, како и во нејзините соседни земји. Според него, разместувањето на контингентите стационирани во земјите од источното крило на НАТО е соодветно за да не се предизвика одговор од Русија.
Според Божилов, Русија нема да се откаже од окупираниот Крим од стратешки и воено-политички причини, бидејќи тоа е една од нејзините можности да биде активна не само во регионот на Црното Море, туку и во Медитеранот и во Сирија.
Ново на Сител
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад