-->
-->
Бошњаковски: Оставката на Саљији е личен чин и нема да влијае на реформите
-->
Оставката на министерот за правда Билен Саљији нема да влијае на реформите бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Одговарајќи на новинарско прашање Бошњаковски појасни дека министерот за правда ја поднел оставката како негов личен чин, бидејќи чувствувал морална одговорност за губењето на довербата во однос на одредени делови на реформите во правосудството, како и за случајот со малиот Алмир.
Во врска со Законот за јазиците, потпаролот Бошњаковски рече дека Законот ќе биде испратен до Венецијанската комисија штом биде објавен во Службен весник, а сите препораки кои ќе стигнат од Комисијата ќе бидат имплементирани, за што, како што посочи, има коалициски договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале