Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата
Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“.
Тој истакна дека како Бизнис конфедерација протажираат сите работници да се организираат и здружуваат, за да преговараат во сите сектори, за да можат да си ја одредат минималната плата.
- Она што го кажавте дека Владата се повлече од овие преговори, мораме да кажеме дека ние ги поздравивме за овој мудар потег, бидејќи ние сонувавме работниците и работодавачите конечно да почнат сами, независно да се договараат и преговараат и затоа овој голем потег на очекувањето дека државата ќе влезе во оваа ќе ја наречам приказна минимал плата, мораме да го издржиме и самите да ги создаваме условите и затоа протажираме сами да се договараме во однос на минималната плата, вели Бошков.
Тој рече дека договорањето меѓу работниците и работодавачите за висината на минималната плата треба да се одвива посебно во секој сектор преку колективните договори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари