Борисов: Добиените информации од Иванов ги предадов на ДАНС
Добиените податоци од македонскиот претседател Ѓорге Иванов за новите мигрантски рути ги предадов на службите, изјави денеска во Парламентот во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува БГНЕС.
- Тоа што пред неколку дена претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути, како и за една организација. Сето тоа е доставено на државната агенција „Национална сигурност“ ДАНС, на МВР и соодветно на самитот на министрите за внатрешни работи во Брисел , рече премиерот Борисов.
Тој нагласи дека за разлика од Грција, која доби стотици милиони и ништо нема направно, Македонија создала хумани услови за мигрантите на нејзина територија.
- Неколку месеци со ред грчката Влада не презема мерки. Во Грција моментално не можат да покажат како завршено ништо реално, условите таму за бегалците се ужасни, изјави Борисов.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за БГНЕС денеска изјави дека неодамна лично го информирал Бојко Борисов за новите мигрантски рути.
- По затворањето на западно-балканската рута, веднаш се појавија информации и мапи на арапски јазик, каде Бугарија е посочена како коридор низ кој мигрантите ќе можат да транзитираат до Србија... Тие карти ги дадовме лично на Бојко Борисов, изјави македонскиот претседател.
Во деншното излагање пред бугарското Собрание, Борисов изјави дека моментално притисокот на бугарско-турската граница е помал и дека очекува проблемот да дојде од бугарско-грчката граница, која е незаштитена.
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки