Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.
Со усогласувањето претседател на ДИК е досегашниот член Борис Кондарко, кој доаѓа на предлог на СДСМ, а потпретседател Абдуш Демири, на предлог на Беса. Членови се досегашните претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ) и потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски (СДСМ), кој исто така беше член на ова највисоко изборно тело.
Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик - генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија. Огласот трае осум дена од објавување во Службен весник.
Ново на Сител
-
Пронајдена уште една жртва од поплавите во БиХ, бројот на загинати се искачи на 24
-
Четири возила опожарени во Чаир
-
Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај
-
Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи
-
Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник
-
Унгарското претседателство: Одобрени агендите на земјите од Западен Балкан вредни 6 милјиарди евра
-
Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај