Балкан
2. December 2017 - 13:58

Болката останува цел живот: Марина без да трепне гледаше во споменикот на прерано починатиот син

Брачната двојка вчера на Новите гробишта одбележаа девет години од смртта на својот син Милош Радуловиќ.

Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута вчера го одбележаа деветгодишниот помен на синот Милош Радуловиќ, кој почина ненадејно во 24. година.

Творците на бројни хитови попладнето излегоа на Новите гробишта, каде е погребан нивниот постар син. Туцаковиќ на гробот положи колачи, пијалок и цвеќе, а потоа седна на клупа и запали цигара. Гледаше во споменикот без да трепне, додека Фута стоеше покрај неа и разговараше со момчињата која дојдоа до него.

Марина за српски Курир изјави дека никогаш нема да се помири со загубата на синот, но и дека солзите одамна и пресушиле.

-Како што се ближи годишнина, го оплакував, иако солзите одамна ми пресушија. Милош е секогаш присутен во нашата куќа. Кога патуваме и тој оди со нас. Со секојдневната работа и проблемите на кои постојано наидуваме, човек некако се навикнува. Таа болка и недостаток која мајка ја чуствува за детето останува за цел живот и повеќе ништо нема да биде како порано. Моето семејство и јас се трудиме да се смееме и да бидеме позитивни, но загубата е секогаш тука со нас и тоа така останува.