Богдановски: Изградбата на монтажен паркинг во Центар е манипулација на градоначалникот
Советникот од општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Богдановски денеска обвини дека градоначалникот на општината не ги реализирал најголем дел од ветувањата и оти повторно ги манипулира граѓаните со најавата за изградба на монтажен паркинг.
- Дебармаалци знаат дека монтажниот паркинг е уште едно неговорење на вистината на Жерновски и СДС, која претставува обид за манипулација на граѓаните пред изборите. Жителите на Дебар Маало знаат доколку Жерновски се грижеше за нив, немаше да чека четири години, за да почне да ветува нешто кое би го направил, туку истото одамна ќе го направеше, изјави Богдановски.
Според него, градоначалникот Жерновски пред четири години им ветил на граѓаните два монтажни паркинзи, едниот во Капиштец и другиот кај Југодрво, но досега не е направен ниту еден.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?