Македонија
2. January 2025 - 16:33

Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?

Дали предновогодишните кампањи за пиротехника беа доволно ефикасни или сепак системот потфрли?

И покрај зголеменото полициско присуство низ метрополата за најлудата ноќ, скоро насекаде се пукаа петарди и огномети. Поради петарда 13-годишно дете остана со траен инвалидитет на раката. Социолозите се децидни дека мора да се зголеми свеста кај сите, особено кај децата за опасноста од користење на пиротехника.

Девијантното однесување кај најмладите не остави печат само за Нова година. Инциденти имаше преку текот на цела 2024-та. Деца дивееја и вандализираа игралишта во Капиштец. Од снимките на загрижени граѓани посведочивме како летаа канти и детски реквизити. Експертите во областа велат дека проблемот лежи во семејството. Првите кои мора да разговараат и едуцираат децата се родителите. 

Виралниот тренд „Супермен“ кој испрати дваесеттина деца во болница, е последен пример од многуте во низата, за тоа колку лесно најмладата популација може да потпадне под влијание на социјалните мрежи, чие копирање на трендови може да заврши фатално.