Бизарни детали од убиството на Јелена: Убиецот гледал како се дави, пред тоа со шрафцигер разоран и е черепот
Пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ починала во Борча додека убиецот ја гледал нејзината агонија. Додека траела борбата, актерите на злосторството ладнокрвно стоеле во непосредна близина се додека не се увериле дека е мртва, вели соговрник од истрагата.
- Тешките повреди со сигурност биле пресудни, но водата од каналот била фактор кој ја забрзал смртта на Јелена. Таа во смртна агонија се борела да исплива и да дојде до воздух, најмалку два до три пати се напила и вода. Голтнала и гранче кое е најдено во нејзиниот душник - наведува извор близок до истрагата.
Патолог го утврдил времето на смртта, кое може да отстапи околу 15 минути од времето на смртта на несреќната жена.
- Во секој случај, наодите покажуваат дека е убиена тој ден кога е пронајдено нејзиното тело, а не претходниот. Тоа значи дека од моментот на смртта до моментот на пронаоѓање на нејзиното тело не поминале повеќе од 24 часа - објаснува извор од истрагата.
На прашање зошто Јелена е оставена во каналот, а не е оставена во Дунав, изворот од истрага објаснува:
- Се се сведува на тоа дека после убиството настанала расправија каде да се остави телото и како да се ослободат од трагите, што влијаело на тоа да ја остават таму каде што се се одиграло.
- На основа на повредите утврдено е дека пејачката е убиена најверојатно со мал шрафцигер, кој и направил дупка во главата и и го оштетил мозокот. Не се исклучува можноста за ударите да се користени и различни предмети. На черепот се изброени околу девет дупки - додал изворот.
Додава дека сите повреди ги добила додека била жива.
- Воспоставено е дека во еден удар во главата втиснат е дури и дел од черепот. На тоа место се гледа канал долг околу два сантиметри. Самото убиство било страшно - завршил изворот од истрагата.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши