Битолскиот театар ќе гостува во Русија
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола на 24 јануари ќе гостува во рускиот град Санкт Петерсбург каде на тамошната театарска сцена ќе ја одигра претставата „Последната ноќ“.
На денешната прес-конференција во Битола, уметничкиот директор Благој Мицевски посочи дека со поддршка на Министерството за култура, битолските актери освен во Русија ќе гостуваат во САД и Израел.
- Првото гостување во странство ќе го реализираме овој месец, на 24 јануари каде ќе ја одиграме претставата „Последната ноќ“ која предизвика голем интерес кај публиката, а за која добивме покана да гостуваме и во Пловдив, Бугарија. Покана за гостување имаме и од Израел каде ќе ја одиграме претставата „Отело“, а во САД, односно во Санта Барбара ќе настапиме со претставата „Антониј и Клеопатра“. Со тамошниот театар „Литмун“ ќе ги подготвуваме и познатите „Сонети“ од Шекспир, истакна Мицевски.
НУ Народен театар-Битола денеска ги почна подготовките и на претставата „Кралски игри“ од Григориј Горин во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Ново на Сител
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка