Битиќи: Нашето учество во терминалот „Александруполи“ е стратешка одлука
Сега повеќе од било кога е јасна неопходноста и итноста за диверзификација на изворите на енергија во нашата земја. Нашето учество во изградбата и долгорочното закупување на капацитет во терминалот „Александруполи“ е стратешка одлука која ќе го обезбеди идниното снабдување со гас на нашата земја, напиша вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи, на неговиот фејсбук профил.
– Денеска во Грција, пред почетокот на церемонијата со која ќе се означи почетокот на изградбата на терминалот „Александруполи“, одржавме состанок со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз кои се наши стратешки партнери и ја поддржуваат реализацијата на овој проект од самиот почеток, објави Битиќи на фејсбук.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија