„Бислимска клисура“ и „Инклузивни паметни училници“ – проекти што ќе се реализираат во североисточниот регион

Уредување и валоризација на спортско-рекреативен еко центар „Бислимска клисура“ и „Инклузивни паметни училници“ се двата проекти што ќе се спроведуваат во североисточниот регион преку бизнис центарот за развој на североисточниот плански регион.
Инвестицискиот проект за уредување на Бислимската клисура е во вредност од 145.684, а иновативниот со кој се опфатени три училишта од Куманово, Ранковце и Старо Нагоричане е во вредност од 40.000 швајцарски франци.
Училиштата од трите општини, меѓу кои е и основното од Куманово „Крсте Мисирков“ преку проектот „Инклузивни паметни училници“ ќе добијат смарт табли и ќе бидат набавени лифткар гасеничари.
– Со набавената опрема преку овој проект се очекува да се подобрат условите за пристап на учениците со попреченост, да се зголеми еднаквиот пристап на ученици со посебни образовни потреби и да се осовремени начинот на предавање, изјави Владимир Павловски од бизнис центарот на СИПР (Североисточен плански регион).
Со уредувањето на Бислимската клисура се очекува да се развие туризмот во североисточниот регион што е најмалку развиен во државата.
-Ќе се набават велосипеди, елелктрични велосипеди за планински велосипедизам, доуредување на стазите, уредување и изградба на стази за спортско качување и виа ферата, набавка на опрема за кајакарење на лица со посебни потреби, посочи Павловски.
Со реализација на овој проект се очекува да се зголеми бројот на сместувачки капацитети и угостителски капцитети, да се зголеми бројот на лиценцирани водичи, туристички да се активира овој дел од регионот и да се привлечат туристи од државата и странство.
Двата проекти ќе завршат во ноември оваа година, а се реализираат во рамки на поддршката на центрите за развој на планските региони за спроведување на грантовата шема 2018-2020 во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од швајцарска агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
