Бислимоски: Напаѓачот треба да и се извини на институцијата РКЕ, а не на мене
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски се уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против лицето кое физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје.
– Постапката е во тек, ќе ги советувам моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба да имаме сите во оваа држава, однос кон институциите, бидејќи институциите ја чинат државата. Интересот на државата е секогаш најбитен и ќе остане вечно, рече Бислимоски во одговор на прашањето дали ќе поднесе приватна тужба до напаѓачот во изјавата дадена во Стопанската комора.
Претседателот на РКЕ во вторникот вечерта физички беше нападнат во угостителски објект во централното подрачје на Скопје од лице што поседува лиценца за продажба на електрична енергија за кое РКЕ почна постапка за одземање на лиценцата поради неисполнување на обврските од договорот за снабдување кај дел од корисниците.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори