-->
-->
БИБЛ по експресна постапка ја одреди казната за Карпош Соколи
-->
Екипата на Карпош Соколи за напуштањето на теренот на синоќешниот дуел од БИБЛ лигата со Теодо, доби казни. Натпреварот го загуби со службени 0-20 и притоа не добива бод, а има и финансиска казна од 10.000 евра. Тимот (карпош Соколи) теренот го напушти 2:45 минути до крајот на третиот период при резултат 60:61 за Теодо. Македонскиот тим натпреварот го напушти незадоволен од судиските одлуки.
Раководството на БИБЛ лигата финансиската казна ја изрече по два основа: Карпош Соколи да не го доигра натпреварот со Теодо, како и за неправилен настап на дуелот против Куманово.
„Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна за напуштањето терен, а казнa од 5.000 евра има и за дуелот со Куманово, кога на теренот немало ниту еден домашен играч, како што е предвидено во пропозициите.
БИБЛ побара од Карпош Соколи до утре да уплати 6.000 евра на сметката на лигата, доколку сака да продолжи да се натпреварува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!